Второто полуфинале во СЕХА во знакот на Начевски

Двобојот меѓу екипите на ППД Загреб и Целје ПЛ, кој ќе го даде вториот тим што ќе игра во финалето в недела и ќе биде противник на екипата на Вардар во битката за трофејот во СЕХА-лигата е во знакот на Македонија и на Начевски. Скопје е домаќин на завршницата во СЕХА лигата, а честта да бидат службени лица на првото полуфинале добија македонските ракометни работници.

300x250

Некогаш светската судиска двојка број 1, Марјан и Драган Начевски денеска се делегати на оваа средба и после долга пауза одново се заедно на терен на еден меѓународен натпревар. Меѓу другото Драган Начевски веќе неколку години е на чело на судиската комисија во ЕХФ, додека Марјан Начевски е Комесар на СЕХА лигата.

Покрај тоа на оваа средба суди и македонска судиска двојка. Тоа се Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, па затоа слободно може да се заклучи дека вториот полуфинален двобој минува исто така во знакот на Македонија.