Време е за главните возбудувања на Мундијалот, почнуваат осминафиналните пресметки

Репрезентациите кои успеаја да обезбедат место меѓу најдобрите 16 на Светското првенство за кадети ги почнуваат главните битки денеска односно влегуваат во трка за пласман во четврт-финалето. Првите осминафинални дуели се од 14 часот, а секако најважниот меч за нас е во 20:45 кога Македонија игра против Португалија.

Први на терен излагаат Аргентина и Германија во „Борис Трајковски“, како и Египет и Словенија во „Јане Сандански“.

Овие дуели носат најава за уште посилни пресметки до крајот на денот и ова ќе биде можност за уживање во убав ракомет со оглед на тоа што веќе нема тактизирање и штедење.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ОСМИНАФИНАЛЕ (СРЕДА, 14 АВГУСТ)

14:00ч

АРГЕНТИНА – ГЕРМАНИЈА (СЦ „Борис Трајковски“)

ЕГИПЕТ – СЛОВЕНИЈА (СЦ „Јане Сандански“)

16:15ч

ИСЛАНД – ЈАПОНИЈА (СЦ „Борис Трајковски“)

ХРВАТСКА – УНГАРИЈА (СЦ „Јане Сандански“)

18:30ч

ДАНСКА – ТУНИС (СЦ „Борис Трајковски“)

ФРАНЦИЈА – НОРВЕШКА (СЦ „Јане Сандански“)

20:45ч

ПОРТУГАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА (СЦ „Борис Трајковски“)

ШПАНИЈА – ШВЕДСКА (СЦ „Јане Сандански“)