Во чест на Таста и Лара – еден куп легенди на едно место (ФОТО)

Првиот викенд во јуни во Прилеп ќе се одржи првиот Меморијален Меѓународен турнир за ветерани „Таста-Лара“, како сеќавање на Петар Кузманоски – Таста и Влатко Коруноски – Лара, кои починаа минатата година.

На турнирот ќе бидат присутни голем број легенди на македонскиот ракомет, а ќе играат две репрезетации. Првата „Ветерани“ ја предводи Пепи Манасков, додека втората „Млади ветерани“ исто така го потврди настапот, а ќе биде предводена од Илија Темелковски и Андон Бошковски.

Во овој тим ќе настапат Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Бранко Ангеловски, Раде Стојановиќ, Гоце Макалоски, Стевче Алушовски, Александар Јовиќ, Александар Петровски Сајкал, Лазо Мајнов и уште неколку други.

Овој турнир треба да се игра на отворено на теренот во спортскиот центар „Сонце“, а ќе гостуваат и екипи од Нови Сад, Каќ, како и екипи од нашиот јужен сосед. Ќе се игра на 31 мај, 1 и 2 јуни.