Во Металург заигра метлата: Тео Чориќ не е повеќе член на вицепрвакот!

Хрватскиот интернационалец Тео Чориќ, не е повеќе член на македонскиот вицепрвак Металург. Корпулентниот пикер дојде последен во Автокоманда, но прв си оди.

Иако беше најавен како столб на одбраната, сепак не го прикажа тоа што се очекуваше од него во ограничената минутажа, па логичен след на настаните беше разделбата.

Заминувањето на Чориќ беше потврдено од Металург, а во продолжение од сезоната триото пикери ќе го сочинуваат Милан Лазаревски, Филип Арсеновски и Адриан Миличевиќ.

По поразот од Еурофарм Работник, ракометарите на Металург денеска ќе играат на гостински терен против составот на Пролет.