Викендов на терените: Вардар и Металург на нови СЕХА-предизвици

Претстојниот викенд нема да има дуели од Лигата на шампионите, но затоа двете екипи од Македонија кои играа во најсилниот куп сега ќе имаат натпревари во СЕХА-лигата.

Вардар утревечер ќе гостува во Ниш, додека Металург в недела ќе игра во Скопје против Мешков Брест. Тоа се двата меѓународни дуели кои ќе го привлечат вниманието во текот на овој викенд, но ќе има и уште други средби на домашна сцена кои исто така ќе бидат привлечни и заслужуваатда бидат погледнати.

Дербито на колото во Супер машката лига се игра во Бутел, каде истоимениот тим го пречекува Пролет, па ова ќе биде интересен дуел кој ќе го одбележи викендот. Секако има интересни средби и во првата лига каде првиот дел од сезоната е при крај, па уште трае битката за влез во плеј-офот.

ВИКЕНДОВ НА ТЕРЕНИТЕ

САБОТА, 08.12.2018

12:00ч

ПАРТИЗАН – ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ (Прва женска лига, Група 1)

14:00ч

КУМАНОВО – СПАРТАК (Женска лига)

15:00ч

ВАРДАР ЈУНИОР – ОХРИД (Супер машка лига)

17:00ч

СТРУГА – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК (Супер машка лига)

18:30ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРОЛЕТ (Супер машка лига)

19:30ч

ДЕСПИНА – ГЕВГЕЛИЈА (Женска лига)

20:15ч

ЖЕЛЕЗНИЧАР – ВАРДАР (СЕХА-лига)

НЕДЕЛА, 09.12.2018

11:30ч

СТРУЖАНКА – ВАРДАР (Женска лига)

16:00ч

РИНИА М – МЛАДОСТ 09 (Прва женска лига, Група 2)

17:30ч

МЕТАЛУРГ – МЕШКОВ БРЕСТ (СЕХА-лига)

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ПЕЛИСТЕР (Женска лига)

КУМАНОВО – ТЕКСТИЛЕЦ (Прва женска лига, Група 2)

18:00ч

РАДОВИШ – ПРИЛЕП (Супер машка лига)

ГРК ТИКВЕШ – АЕРОДРОМ (Прва женска лига, Група 1)

19:00ч

ПРЕСПА – МЕТАЛУРГ 2 (Прва женска лига, Група 1)

АСТРАИОН  – ВАРДАР НЕГОТИНО (Прва женска лига, Група 2)

МАКЕДОНИЈА ЃП – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА (Прва женска лига, Група 2)

19:30ч

МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – РАБОТНИЧКИ (Прва женска лига, Група 1)