“Вечерва победуваме со Португалија. Момците ќе играат со СРЦЕ за Македонија” (ФОТО)

Кадетската машка репрезентација на Македонија вечерва го игра осминафиналниот дуел против селекцијата на Португалија.

Натпреварот започнува во 20:45 часот во СЦ “Борис Трајковски”, а избраниците на Данило Брестовац ќе имаат тешка задача да обезбедат место во четвртфиналето.

Поранешниот репрезентативец и стратег на Охрид – Горан Андоновски, верува во кадетите и порача на социјалните мрежи дека вечерва ќе победи македонското срце.

“Вечерва победуваме со Португалија. Децата ќе играат со срце за Македонија”, напиша Андоновски.