Вецлар со победа, Миркуловски со асистенција

Филип Миркуловски забележа една асистенција во победата на Вецлар над Ерланген со 26:23.

На оваа средба Вецлар беше во предност во текот на сите 60 минути, а имаше 12:8 на паузата така што не беше никаков проблем да се дојде до победа.

Миркуловски немаше погодок на овој дуел, а упати еден удар кон голот на гостите.