Вецлар на Миркуловски врза два порази во три дена

Екипата на Филип Миркуловски, Вецлар забележа уште еден пораз откако против тимот на Штутгарт како гост загуби со 28:30. Тимот на кој македонскиот репрезентативец е капитен претрпе пораз откако во финишот не успеа да реализира во клучните моменти, па остана покус за планирани бодови.

Вецлар имаше шанси при 28:28, но не ги искористи, па домашните успеаја да казнат така што ова беше втор пораз во три дена.

Инаку, Миркуловски денеска имаше добра партија. Во нападот одигра одлично и имаше реализација од сто проценти. Постигна два гола од два удари, а покрај тоа забележа и една асистенција. Сепак, тоа не беше доволно за да може да се освојат бодови на ова гостување, па после три одиграни средби има само два бода.

Следниот дуел Вецлар го игра на 13 септември против тимот на Мелзунген.