Вецлар и Миркуловски немоќни пред „лавовите“ и Талески

Рајн Некар ја продолжи победничката серија што трае и во Бундес Лигата и во Лигата на шампионите. По гостинската победа над Кристијанштад и домашната над Загреб, „лавовите“ и Филип Талески покажаа уште еднаш дека се во одлична форма.

Рајн Некар го победи Вецлар на Филип Миркуловски, дури и полесно од очекувањата со 25:30. Миркуловски немаше погодок од единствениот обид, додека Талески исто така не се запиша во листата на стрелците.