Веспрем го врза Дејвис до 2023 година!

Поранешниот стратег на Вардар, Давид Дејвис, кој во октомври го презема унгарскиот првак Веспрем и потпиша договор на 1+1, ќе го продолжи престојот во финалистот на Лигата на шампионите.

По одличните резултати во вториот дел од сезоната, Веспрем ја активираше и втората година од договорот, за сезоната 2019/2020, а по освојувањето на титулата во унгарскиот шампионат и пласманот на Ф4 во Лигата на шампионите, гигантот не чекаше многу.

Во Веспрем се задоволни од работата на Дејвис, па го врзаа шпанскиот стратег со договор на уште три годни, односно до 2023 година.

Следната сезона во Веспрем доаѓаат голманот Цупара од Келце, десниот бек Пачковски од Келце, пивотменот Рожерио Мораес од Вардар, како и левиот бек на Фленсбург – Расмус Лауге.