Велешани се премислија, ќе играат во Супер лигата

Ракометарите кои се дел од екипата на Борец одлучија да ја повлечат одлуката за неиграње во Супер лигата и префрлање во Првата лига, па информациите говорат дека без разлика буџетот на клубот тие одлучиле да бидат дел од најсилната лига.

Според ова веќе нема никакви проблеми околу бројот на екипите во Супер лигата и сите десет екипи следниот викенд ќе стартуваат со првенството и ќе играат во лигата во која ќе има борба за четири позиции кои водат во плеј-оф лигата.

Велешани најверојатно ќе играат со помлади ракометари, но и со нив ќе се обидат да се спротистават на тимовите кои се натпреваруваат во најсилната лига. Ова ќе биде тешка сезона, но јасно е дека составот на Борец нема да биде лесна задача за никого особено кога ќе игра на домашен терен во Велес.