Вардар ќе има поддршка во Келн, се продадоа сите билети!

Повеќе од 400 навивачи ќе има Вардар на трибините во Келн за време на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите на 1 и 2 јуни. Сите билети што клубот ги доби за своите навивачи се веќе распродадени. Вардаровите навивачи ќе бидат сместени во секторот 218, а веројатно ќе многу повеќе навивачи со обележја на Вардар, бидејќи има најави за повеќе други навивачи кои индивидуално купиле билети за овие средби.

Натпреварите од полуфиналето на Ф4 се играат на 1 јуни. Во терминот од 15:15 часот ќе играат Веспрем и Келце, а од 18:00 часот играат Вардар и Барселона. Победниците од средбите во недела на 2 јуни ќе играат во финалето од 18:00 часот. Претходно се игра натпреварот за трето место од 15:15 часот.