Вардар ја почнува одбраната на титулата со кадети!

Ракометарите на Вардар денеска ќе ја започнат одбраната на титулата во Суперлигата. Прв ривал ќе биде тимот на Пролет, а овој дуел беше одложен поради од пред три седмици поради настапите на вардарци во Лигата на шампионите.

Стратегот Роберто Гарсија Парондо нема да смета на играчите кои имаа обврски со националните тимови, освен можеби на Стоилов и Поповски, кои би можеле да се најдат во ростерот. Денеска нема да играат Шишкарев, Калараш, Дибиров, Горбок, Кисељов, Милосављев, Карачиќ, Кристопанс, како ни повредениот Дисингер и штотуку заминатиот Борозан.

Во ростерот покрај Кизиќ, Гедбан, Војводиќ, Мишевски, Скубе, Недановски, Мораес и Чупиќ, би требало да добијат и кадетите Благој Димчевски, Велимир Груевски, Давид Савревски,  Симон Калајџиевски, Марио Мишевски и Дамјан Србиновски.

Натпреварот се игра денеска со почеток во 18:30 во СЦ „Јане Сандански“.