Вардар се одбрани во Ниш за нов триумф во СЕХА

Ракометарите на Вардар не одиграа како што знаат ниту на дуелот против Железничар, но со мирна игра и со контрола на резултатот дојдоа до нова победа во СЕХА, па остануваат на лидерското место. Триумфот од 24:22 во Ниш против Железничар

Железничар беше добар противник, но Вардар знаеше како треба да одигра во клучните моменти. Иако во нападот не функционираше кога требаше да се погоди и да се реши овој дуел, сепак, одбраната одработи на ниво.

Во текот на целата средба екипата на Вардар беше во предност. Имаше водство кое беше постојано, но Железничар остануваше во игра бидејќи не дозволуваше Вардар да отиде на поголема предност.

И на оваа средба Вардар играше речиси со истиот состав како против Металург, но разликата беше во тоа што Милосављев беше на голот. Во првото полувреме предноста беше 12:10, а потоа во вторите 30 минути постојано предноста се движеше меѓу 3-4 гола.

Финишот беше интересен бидејќи Железничар се врати во ритам и дојде до 22:23. Сепак, во клучните моменти Милосављев одбрани, а потоа и една акција беше пресечена, па кога беше најпотребно беше реализирано за нова победа во СЕХА.

ЖЕЛЕЗНИЧАР – ВАРДАР            22:24 (10:12)

ЖЕЛЕЗНИЧАР: Стошиќ (4 одб.), Лазиќ (1 одб.), Миловановиќ 3/4, Поткоњак, Станојевиќ, Сретеновиќ 1/2, Маџар, Вејин 4/6, Милосављевиќ 1/1, Живковиќ 1/3, Спасиќ 1/1, Николиќ 3/4, Марковиќ 3/5, Јевтиќ, Кљајиќ 1/2, Павловиќ 4/7.

Седмерци: 4/6, Исклучувања: 8 мин.

ВАРДАР: Милосављев (7 одб., 2 сед.), Кизиќ, Недановски 2/2, Оцвирк, Поповски 2/2, Кристопанс 4/6, Дисингер 5/7, Карачиќ 1/2, Скубе 1/6, Калараш 2/2, Чупиќ 4/6, Шишкарев, Војводиќ, Кисељев 3/5, Атанасовски, Мишевски.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 12 мин.