Вардар пушти дополнителни билети во продажба за натпреварот со ПИК Сегед

Поради големиот интерес за натпреварот од четвртфиналето од Лигата на шампионите против тимот на ПИК Сегед од денеска ќе биде пуштен дополнителен контингент на билети за истиот натпревар.

Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат пуштени во продажба ДОПОЛНИТЕЛНИ 500 билети. Истите се за секторот СТОЕЊЕ, а цената на билетите е 200 денари.

Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед е закажан за четврток, 25 април во 20:00 часот во СЦ „Јане Сандански“, додека реваншот е на 5 мај во Сегед.