„Вардар нѐ потцени, а ние се исплашивме од шансата да го победиме“

Еурофарм Работник го имаше Вардар во раце, но на крајот сепак мораше да му честита за победата. Шампионот славеше со 28-30 и ги однесе бодовите од Битола. Тренерот на домашните, Стевче Алушовски, вели дека се исплашиле од шансата да го победат „црвено-црниот“ тим.

„И покрај поразот морам да им честитам на моите ракометари . Секоја друга екипа после предноста од првиот дел веројатно ќе дејствуваше поинаку во продолжението. Ние некако како да се уплашивме од шансата да ги победиме. Вардар влезе со потценувачки пристап кој не е својствен за нив, но сепак се работи за светска екипа и честитки за нив и за победата. Ние сме на прав пат, имаме скратен ростер, некои ракометари се уморни по репрезентативните натпревари и во овој момент не можевме повеќе од ова издание“, вели Алушовски.

Следна обврска за Еурофарм Работник ќе бидат натпреварите од четвртфиналето на Купот на Македонија.