Вардар не го пушти Кизиќ во Бугојно

Македонската кадетска репрезентација од утре до недела ќе биде дел од турнирот „Ракометот е моја иднина“ во босанскиот град Бугојно. Иако селекторот Данило Брестовац одбра 18 ракометари, сепак во Бугојно отпатуваа само 16, па кадетите ќе бидат без Марко Кизиќ и Лазар Ников.

Кизиќ има два натпревари во овој период со екипата на Вардар од Купот на Македонија, а со оглед на тоа што Алжирецот Гедбан има проблеми со повреда, стратегот Роберто Парондо не сака да ризикува за средбите против Прилеп и Струга или Металург 2 да остане само со Дејан Милосављев.

Со оглед на тоа што не се работи за термин од ЕХФ недела, има потполно право да не го ослободи ракометарот. Десниот бек на Јуниор Кисела Вода, Лазар Ников има проблеми со повреда и не е подготвен за настап.

Кадетите од утре стартуваат со натпреварите против Германија, Србија и Швајцарија.