Вардар лесно до 13-та ѕвездичка

Со триумфот над Еурофарм Работник од 36-29 (19-14) на две кола до крај на плеј-офот во машката Суперлига, ракометарите на Вардар и теоретски ја потврдија 13-та титула во првенството на Македонија.

Вардар е најтрофеен тим во Македонија со вкупно 28 трофеи во 27 сезони. Од тоа Вардар 13 пати бил првак на Македонија, 13 пати победник на Куп и 2 пати победник на Супер куп.

„Црвено-црните“ се единствен тим со повеќе од 10 титули во Македонија. Вардар е прв тим со рекордни 13 титули, прв тим со пет титули по ред и прв тим кој двапати освојувал по четити титули по ред.