Вардар и преполовен, пресилен за Пролет

Ракометарите на Вардар победнички ја стартуваа одбраната на титулата во Суперлигата. Иако играше без повеќе од половина тим и со шестмина кадети во ростерот, сепак „ децрвено-црните“ го совладаа Пролет со 33-26.

Вардар во три наврати имаше предност од три голови, но во финишот на полувремето гостите заиграа подобро и стигнаа до 16-16. Сепак во второто полувреме момците на Парондо „нагазија“, а Пролет не беше така убоит во нападот и во 40. минута веќе беше 23-17.

Во последните пет минути шанса за настап и деби во сениорскиот „црвено-црн“ дрес добија и кадетите Димчевски, Србиновски, Мишевски, Ставревски, Грујоски и Калајџиески. До крајот немаше дилеми околу победникот и Вардар само рутински ја доработи задачата за конечни 33-26.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Поповски со девет и Чупиќ и Војводиќ, кои стрелаа по пет пати, а добра партија имаше и голманот Кизиќ. Кај тимот на Пролет, Аларов и Џонов дадоа по пет голови.