Вардар и Металург ќе се борат за третиот Суперкуп трофеј

Суперкупот на Македонија кон крајот на летото ќе го има своето трето издание во историјата и за првпат на дело ќе може да се видат новите ростери на двете екипи што освоија титули оваа сезона.

Металург славеше во Купот на Македонија, откако во финалето го надигра Вардар, а пак „црвено-црниот“ тим ја освои Суперлигата.

Ќе има многу промени и во двете екипи, па ќе видиме како ќе изгледа тоа на терен во Суперкуп пресметката кон крајот на август.

Во првото издание на ова натпреварување, Вардар беше подобар од Еурофарм Работник во Скопје, додека истиот тим лани во Струга беше подобар токму од Металург.