Вардар и Металург потсетија на славните денови на вечното дерби (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Екипите на Металург и Вардар третпат сезонава ги одмерија силите, а до крајот ќе имаат уште сигурни два дуели или можеби и три доколку дојдат до двобој и во Купот на Македонија напролет. Вардарци се испотија добро за да победат во првенствениот дуел во салата во СЦ „Борис Трајковски“, а конечните 26:27 им донесоа победа на гостите.

Со новите бодови Вардар остана лидер на табелата во СЕХА и има 24 бода исто колку и тимот на Загреб. На гостувањето кај Металург мина доста тешко, а имаше многу интересни моменти. И двата тима покажаа игра со која имаше рамноправност и интересни потези, па беше убаво да се следи овој дуел.

Како изгледаше средбата може да се погледне и низ фотографиите. Имаше многу интересни моменти, па можете и да ги погледнете и да добиете впечаток како беше на теренот.