Вардар и Еурофарм ќе патуваат до Украина: Мотор Запорожје влегува во СЕХА!

Покрај кинескиот клуб Пекинг Универзитет со седиште во Загреб, како и грчкиот Олимпијакос и нашиот Еурофарм Работник, во СЕХА ќе има уште еден клуб што ќе биде дебитант во регионалната лига.

Станува збор за украинскиот шампион Мотор Запорожје, кој за првпат би бил дел од едно вакво натпреварување, иако своевремено беше дел од Балтичката лига.

Според информациите на „Брз центар“, веќе се направени прелиминарите разговори и раководството на Мотор се согласило да ги исполни сите барања на СЕХА.

Во следниот период се очекува и од раководството на регионалната лига да ги потврдат учесниците во новата сезона во која се враќа Веспрем, а најавено е приклучување и на Татабања.