Вардар и Еурофарм во СЕХА – директно на МТВ!

Настапите на двете македонски екипи во регионалната конкуренција, Вардар и Еурофарм Работник, како и многу години наназад ќе може да ги следите на националниот сервис.

МТВ ги има правата за преносите оваа сезона од натпреварите во СЕХА лигата, a термините ќе бидат стандардни – 17:15, 19:00 и 20:45.

Првиот натпревар на Вардар е на домашен терен против Пекинг на 3 септември од 20:45 часот, додека Еурофарм во првото коло ќе игра дома со Спартак Москва на 4 септември од 20:45 часот.