Вардар денеска против Загреб, но и против лошата традиција

Екипите на Вардар и на Загреб се судени едни за други односно судени за да се сретнат на завршните турнири. Тоа се единствените две екипи кои играле на сите седум Ф4-турнири, а и единствени коишто секогаш се среќавале меѓусебе без разлика дали било тоа во полуфиналето или во дуелите за пласман.

300x250

Традицијата вели дека Вардар секогаш победувал кога тимовите играле во полуфинале. Има четири победи на тие натпревари додека Загреб, пак, го победувал Вардар кога се среќавале во финале или во мечот за 3. место.

Денеска во финалето кое почнува од 20:15 часот еовие две екипи ќе го одиграат мечот број 20, а Вардар ќе мора против традиција. На фајнл-фор турнирите ова ќе биде вкупно седмата пресметка и се очекува Вардар да се бори за петтта победа на овие дуели, но ќе проба првпат да се избори за победа против Загреб во еден дуел за пласман.

Досега Вардар има 11 победи, а Загреб седум на СЕХА пресметките, додека еден дуел завршил нерешено. Гол разликата е 538:506 во корист на Вардар.

СИТЕ ДОСЕГАШНИ ПРЕСМЕТКИ ВО СЕХА-ЛИГАТА

25.10.2011

ЗАГРЕБ – ВАРДАР           36:31

14.04.2012 (Полуфинале)

ЗАГРЕБ – ВАРДАР           29:30

22.09.2012

ЗАГРЕБ – ВАРДАР           25:25

05.12.2012

ВАРДАР – ЗАГРЕБ           26:23

14.04.2013 (Финале)

ВАРДАР – ЗАГРЕБ           24:25

27.10.2013

ЗАГРЕБ – ВАРДАР           30:29

15.03.2014

ВАРДАР – ЗАГРЕБ           33:24

11.04.2014 (Полуфинале)

ЗАГРЕБ – ВАРДАР           22:30

30.09.2014

ВАРДАР – ЗАГРЕБ           32:29

07.02.2015

ЗАГРЕБ – ВАРДАР           25:22

29.03.2015 (Меч за 3. место)

ВАРДАР – ЗАГРЕБ           23:26

19.10.2015

ЗАГРЕБ – ВАРДАР           30:25

10.12.2015

ВАРДАР – ЗАГРЕБ           33:24

01.04.2016 (Полуфинале)

ВАРДАР – ЗАГРЕБ           26:24

13.09.2016

ВАРДАР – ЗАГРЕБ           32:31

13.12.2016

ЗАГРЕБ – ВАРДАР           28:26

07.04.2017 (Полуфинале)

ВАРДАР – ЗАГРЕБ           36:28

17.10.2017

ВАРДАР – ЗАГРЕБ           30:23

27.02.2018

ЗАГРЕБ – ВАРДАР           24:25

15.04.2018

ВАРДАР – ЗАГРЕБ           ?