Вардар го чека пекол: Веспрем ја распродаде цела сала!

По поразот од Кил на домашен терен во минатото коло, ракометарите на Вардар ќе имаат тешка задача да се „вадат“  на жешкото гостување кај унгарскиот гигант Веспрем.

Минатата сезона двата тим победија на гости, а сезонава првото соочување ќе го имаат во Унгарија. Салата во Веспрем е комплетно распродадена, па вардарци ќе ги чека пекол.

Денеска во 11:00 часот, раководството на унгарскиот тим ги пушти преостанатите билети во продажба, бидејќи поголем дел од навивачите имаат сезонски карти, но и тие се продадоа за помалку од еден час.

Натпреварот меѓу Веспрем и Вардар се игра в сабота со почеток во 17:30 часот, во„Веспрем Арена“ пред 5.100 гледачи.