Вардар го има најефикасниот по првото коло на Мундијалот

Кандидатите за најдобар стрелец на Светското првенство се истакнаа уште после одигрувањето на средбите од 1. коло кои финишираа синоќа, а меѓу најдобрите десет ракометари се наоѓаат двајца репрезентативци на Македонија и еден ракометар на Вардар.

Левото крило на вардарци, Тимур Дибиров е ракометарот кој постигна најмногу голови во првото коло. Тој ја наполни мрежата на Србија и е на чело на листата на стрелци со постигнати 12 гола. Веднаш до него е репрезентативецот на Унгарија, Жолт Балог кој заврши 11 погодоци во ремито со Аргентина.

Меѓу најпрецизните десет има и двајца репрезентативци на Македонија. Секогаш на сите големи натпреварувања кандидатот за најдобар стрелец, Кирил Лазаров е на 4. место со постигнати осум гола. Дејан Манасков е вториот наш репрезентативец кој се најде во првите десет по првото коло.  Тој е во групата на ракометари кои постигнаа по 7 гола.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (1. КОЛО)

12 – Тимур Дибиров (Русија)

11 – Жолт Балог (Унгарија)

9 – Магнус Јондал (Норвешка)

8 – Кирил Лазаров (Македонија)

8 – Каспер Мортенсен (Данска)

8 – Лука Степанчиќ (Хрватска)

8 – Хозе Толедо (Бразил)

7 – Дејан Манасков (Македонија)

7 – Арон Палмарсон (Исланд)

7 – Уве Генсхајмер (Германија)