Вардар во вторник може да ја прослави третата титула оваа сезона!

По освоената титула во Суперкупот на стартот од сезоната, како и по одбраната на титулата во СЕХА лигата, ракометарите на Вардар може да го освојат и третото одличје. Во вторник ќе се игра натпреварот меѓу актуелниот шампион и Еурофарм Работник.

По победата во Битола, вардарци доколку слават и во Скопје над „фармацевтите“, математички ќе ја обезбедат титулата на две кола до крајот, па дуелите со Пелистер во Скопје и Металург во Автокоманда ќе бидат без значење.

Во меѓувреме, Вардар вчера победи кај Бутел, денеска гостува во Битола кај Пелистер, додека в сабота на пладне го пречекува Бутел на домашен терен. Тренерот Пародно ги користи овие натпревари како подготовка за настапот на Ф4 во Лигата на шампионите.