Вардарци на маки – телефони ѕвонат, не знаат на кого попрво да му одговорат

Екипата на Вардар летово ќе доживее целосен ремонт односно ќе остане без ракометарите кои се од другите земји, а неизвесно е со кој состав ќе влезе во следната сезона. Она што во моментов е јасно е дека ракометарите нема да имаат проблеми околу својата иднина односно околу клубот во кој ќе ја продолжат својата кариера. На адреса на секој од нив се пристигнати понуди и само е прашање за која од нив ќе се одлучат.

Според тоа ракометарите се на слатки маки. Најголемиот дел од нив имаат по барем две понуди, некои и по три. Нивните телефони не престануваат да ѕвонат така што сега се на потег да одлучат што ќе биде најдобро за нив и кој ќе биде клубот во кој ќе можат да ја продолжат кариерата.

Инаку, самиот факт што го носеа „црвено-црниот“ дрес најголемиот дел од нив неколку сезони, а неколкумина играа во последната сезона им овозможи секако да бидат интересни за повеќето клубови. Оттаму ниту еден ракометар на Вардар нема да има проблеми со иднината и ќе си најде нов клуб така што наскоро ќе стане јасно кој во кој правец ќе тргне.

Засега е познато дека Игор Карачиќ оди во Келце, Даинис Кристопанс веројатно една година порано од планираното во ПСЖ, Милосављев во Фуксе Берлин, Калараш во Мотор Запорожје… додека другите во скоро време ќе ги објават новите клубови.