Вардарци беа на минус девет – пуштија на најјако и на радоста и немаше крај (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Екипата на Вардар во два дена одигра две средби од домашното првенство, а на вториот меч против Еурофарм Работник малку недостигаше да ја доживее судбината на Металург. Битолчани одработија добра средба против „црвено-црните“ и успеаја во повеќе од 50 минути да бидат во постојана предност која во финишот на првото полувреме изнесуваше и девет гола (18:9), но на одмор резултатот беше 18:10.

Колку добро играше Еурофарм Работник во првото полувреме толку Вардар врати во вториот дел. Успеа да го задржи домаќинот на десет постигнати голови, а постигна дури 20 и на тој начин го доби натпреварот со 30:28. Дефинитивно после оние минус девет ракометарите почнаа да играат многу посериозно. Не беа на нивото од Лигата на шампионите, но мораа да покажат далеку повисоко ниво на игра.

Ова беше интересна средба, а Еурофарм Работник покажа дека може да му парира на Вардар барем на свој терен и најави интересна сезона особено интересни дуели од Купот на Македонија.