Вардарки убедливи против ЦЕМС

Ракометарките на ЖРК Вардар забележаа нова победа во Женската лига, откако на гостински терен го совладаа новакот во оваа конкуренција – тимот на ЦЕМС, со убедливи 22-32, во натпревар од седмото коло.

Победникот беше решен уште во првиот дел, кој вардарки го добија со 8-18. Избраничките на Симе Симовски отворија со водство од 1-4, играа одлично во одбраната и не им дозволуваа на домаќинките да стигнат до лесни погодоци.

Во вториот дел ракометарките на ЦЕМС ја подобрија својата и се играше најчесто гол за гол. Иако ЖРК Вардар во еден момент имаше и предност од +13, сепак мечот заврши со десет голови разлика, 22-32.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Петковска со шест погодоци, а по четири постигнаа Ѓеорѓиевска, Џатевска, Диневска и Николиќ, додека кај ЦЕМС се истакнаа Пецанова со шест, како и Костадиновска и Христовска со по пет.