Вардарки и со кадетките влегоа добро во сезоната, но испуштија победа со Куманово

Новите вардарки уште во 1. коло од новата сезона покажаа дека никој нема да смее да ги потцени и дека против нив ќе мора да се влезе максимално сериозно доколку се сака освојување на бодови.

На првиот меч од новата сезона доколку не беше Боризовска тогаш кумановки тешко дека ќе можеа да се надеваат на бодови бидејќи таа самата постигна речиси пола од головите.

Вардарки поведоа со 3:0 и оваа предност ја чуваа во текот на целото прво полувреме. Во ниту еден момент не дозволија Куманово да зададе проблеми и успешно одолеваа на нападите на противникот.

Таквата игра овозможи вардарки да имаат плус четири на одмор и да го почнат вториот дел со 16:12.

Првото израмнување дојде при 20:20, но одново следуваше серија од три гола и предност од 23:20 за Вардар. До крајот гостинките се обидуваа да дојдат до шанса за пресврт, но не ја добија. Боризовска беше таа која израмни и донесе бод, па беше виновникот што немаше изненадување уште на стартот од сезоната.

ВАРДАР – КУМАНОВО 30:30 (16:12)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Гледачи: 300. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

ВАРДАР: Трајковска, Грујовска, Гоцевска 2, Ѓеоргиевска 2, Божиновска, Џатевска, Трпевска 1, Гроздановска 3, Костовиќ 3, Диневска, Седлоска 10, Коларосвска, Петковска 4, Дамјановска 1, Николиќ 4, Јаковчевска.

Седмерци: 8/8, Исклучувања: 14 мин.

КУМАНОВО: Наумоска, Дичковиќ, Димова, Марковиќ 1, Краљевска, Живковска, Трајковиќ 5, Ивановска 1, Пеовска 1, Боризовска 14, Петковска, Стојчевска, Дабевска 8, Кипријановска, Радевска.

Седмерци: 7/7, Исклучувања: 18 мин.