Вардарецот Милосављев ќе го менува Цупара на голот на Србија

Селекторот на српската репрезентација Ненад Перуничиќ, одлучи да направи уште една замена кога е во прашање составот на нашиот северен сосед. Наместо голманот Владимир Цупара, на гол линијата на мечот против Бразил ќе застане вардарецот Дејан Милосављев.

Тој минатата година беше дел од тимот што играше на ЕП 2018 во Хрватска, но немаше прилика да брани. Сега ќе прави тандем со ветеранот Светислав Веркиќ.

Денеска за Србија ќе дебитира и младиот десен бек на Металопластика од Шабац, Милан Милиќ, кој ќе го менува повредениот Немања Зеленовиќ.

Претходниот натпревар со Франција, Србите го одиграа со 15 играчи во ростерот, а денешниот меч започнува во 18:00 часот.