Бутел Скопје се засили со третиот најдобар стрелец на кадетскиот Мундијал!

Тимот на Бутел Скопје потпиша договор на четири сезони со кадетскиот репрезентативец на Нигерија – Фарук Јусуф (15, 178, 65). Тој настапува на десната бековска позиција и досега го носеше дресот на Сокото Академи.

Јусуф е трети стрелец на кадетскиот Мундијал во Скопје зад македонските репрезентативци Костески и Серафимов и на шест меча постигна 40 погодоци. Тој ќе се приклучи на подготовките со новиот тим на почетокот на септември.

„Среќен сум што потпишав за тим каков што е Бутел Скопје, кој од година во година се повеќе се развива. Се надевам дека ќе помогнам во следниот период тимот да стигне до некој трофеј и едвај чекам да ја започнам соработката со управата, со тренерот и со моите нови соиграчи“, вели Јусуф.

Претходно Бутел Скопје се засили со Даскалоски, Шокоски, Димов и Милошески, а годинава ќе биде македонски претставник во ЕХФ Купот.