Будуќност ја продолжува доминацијата во Црна Гора, ја освои 31-та титула

Ракометарките на Драган Аџиќ во последното коло од мини-лигата во борба за шампион Црна Гора беа подобри од екипата на Рудар со 37:13 со што ја обезбедија титулата во домашното првенство. Со шест победи од шест натпревари убедливо стигнаа до трофеојт.

Ова е 31. трофеј за екипата на Будуќност, секако тука спаѓаат и титулите освоени во некогашната република. Будуќност во првенството на Црна Гора нема вистински противник и без проблеми стигна до победата и титулата со максимален број победи.

На натпреварот со Рудар најефикасни во тимот на Будуќност беа Бранка Конатар и Ѓурѓина Јауковиќ со по шест постигнати гола.