Будуќност е новиот Вардар

Женскиот ракометен првак на Црна Гора, Будуќност, го доби четвртото засилување за наредната сезона – левиот бек Сања Вујовиќ, позната по моминското презиме Дамњановиќ. Таа потпиша едногодишен договор со Будуќност.

Вујовиќ ги носеше дресовите на Ласта Белград, Наиса Ниш, словенечкиот Крим, Зајечар, хрватската Подравка, данскиот Виборг, како и Вардар, од каде што замина во унгарскиот Шиофок.

Покрај Вујовиќ, во Будуќност се враќаат Мајда Мехмедовиќ и Јованка Радичевиќ, а доаѓа и Барбара Лазовиќ. Од поранешните вардарки тука е и Итана Грбиќ.