Будеслигата има нов шампион: Енди Шмит ги предводеше лавовите од Манхајм до првата титула

Заврши најквалитетното национално ракометно натпреварување на планетата. По турбулентна сезона во која згасна некогашниот ракометен гигнат Хамбург, последното коло одлучуваше за првата титула на Рајн Некар Ловен во германската лига. Фленсбург од првото место на табелата го чекаше расплетот на последниот натпревар за составот од Манхајм оваа сезона. Но Енди Шмит беше беспрекорен, одличната сезона ја круниса со победа против Либек од 23-35 и со само еден поен предност ја обезбеди првата историска титула за својот клуб.

Ова воедно беше последен натпревар за иконата на клубот Уве Генсхајмер, кој по 13 изминати години го напушта матичниот клуб и заминува во најсилниот состав од Франција, ПСЖ.

Во последното коло Бергишер на Ацо Јоновски загуби на гости кај Фленсбург со 41-27, а Миркуловски и Вецлар на домашен терен загубија од Лајпциг со 29-30.

На конечната табела веднаш зад шампионот Рајн Некар Ловен и второпласираниот тим Фленсбург се пласираше Кил, на четвртата позција заврши Мелсунген додека петтопласиран е Фуксе Берлин. Клубовите на македонските репрезентативци ги обезбедија десеттото место (Вецлар) односно дванаесетото место (Бергишер) во германското првенство.