Брест Мешков ја плати сметката на Вардар

По поразот од Вардар во првото коло од Лигата на шампионите, тимот на Монпелје ја забележа првата победа, откако славеше на гостувањето во Брест кај Мешков со 25-27.

Во првиот дел најчесто се играше гол за гол, но во финишот на полувремето Брест поведе со голот на Марко Паниќ и на пауза се замина со 13-12.

До средината на второто полувреме Мешков го контролираше натпревар и ја имаше предноста со два до три голови разлика. Но по 21-19, Симоне, Ричардсон, Петерсон и Лене се погрижија за водство на Монпелје со 21-23.

По овој пресврт, домашните се обидуваа, но не можеа да се вратат во игра и Монпелје го затвори мечот со конечна победа од 25-27.

Паниќ и Ѓукиќ во домашниот состав дадоа по шест голови, додека исто толку постигна Ричардсон за Монпелје.