Брест Мешков и Целje имаат поддршка од своите навивачи во CЦ”Јане Сандански” (ФОТО)

Со натпреварот Вардар-Мешков Брест стартуваше СЕХА Ф4 турнирот чиј домаќин од 13 до 15 април ќе биде Скопје, односно СЦ”Јане Сандански”. Екипите пристигнаа во Скопје со амбиција за што повисок пласман, а за да го постигнат тоа секако ќе им биде потребна и поддршката од своите навивачи кои ќе бидат присутни во салата.

На првиот полуфинален дуел забележливо е присуството на навивачите на Мешков Брест кои го поддржуваат својот тим во дуелот со Вардар.

Покрај белоруските навивачи, околу СЦ”Јане Сандански” може да се забележи жолто-зелената боја а тоа е знак дека тука се присутни и симпатизерите на Целје Пивоварна Лашко, кои од 20 часот и 15 минути ќе го бодрат својот тим на второто полуфинале против ППД Загреб.

Единствено ППД Загреб барем засега нема свои симпатизери во СЦ”Јане Сандански”, но нивниот натпревар започнува во 20 часот и 15 минути па не е исклучена можноста и тие да ја дадат поддршката за својот Загреб.

Едно е сигурно. Овој викенд сите патишта водат во Јане Сандански. Ракометниот спектакл е загарантиран, ваше е само да го резервирате своето место на трибините и да уживате во ракометните мајстории.