Брестовац: Подобро функционирам кога сум под притисок (ВИДЕО)

Новиот селектор Данило Брестовац ги собра ракометарите во пресрет на двомечот со Исланд од квалификациите за Европското првенство следната година. На првиот собир не беа крилата Дејан Манасков и Гоце Георгиевски. Манасков ќе се приклучи во Рејкјавик, а на Георгиевски му донцеше летот и не знае дали ќе стигне за единствениот тренинг вечерва во Скопје.

„Не сме во полн состав и немаме многу време. Тешко дека Исланд може да не изненади, имаме многу одиграни натпревари со нив. Ние сме си самите себе главни непријатели. Ако добро се подготвиме и анализираме се што може да го одиграат тие, со добра добрана, можеме до успех. Одиме на гости да се „истепаме“ со нив. Со сигурен напад и добра одбрана, можеме до успех. Кај мене има притисок и подобро функционирам под притисок, понекогаш и сам си го создавам“, вели Брестовац.

Целосната изјава на новиот селектор погледнете ја во видео прилогот…