Брестовац направи три измени во репрезентацијата пред дуелот со јужниот сосед

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац направи три измени пред последниот дуел од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Тој во ростерот на местата на повредените Столе Стоилов и Милорад Кукоски, ги вметна Горан Крстевски од Еурофарм Работник и Дарко Димитриевски од шпанскиот Синфин, додека третата измена е десниот бек Мартин Серафимов кој влегува наместо Томислав Јагуриновски.

Натпреварот меѓу Македонија и јужниот сосед се игра утре во спортската сала „Парк“ во Струмица.