Брестовац за 24 Ракомет ТВ: Одигравме машки натпревар, а на критичарите е да критикуваат (ВИДЕО)

После ремито против Исланд од 24:24 во Скопје и бодот со кој се потврди подобриот меѓусебен дуел со Исланѓаните, селекторот Данило Брестовац имаше причина да биде задоволен од направеното во ЕХФ неделата. Македонија сега има пет бода после четири средби, а толку има и Исланд, па двете екипи влагаат со еднаков број на поени во последните два дуели во јуни.

„Имавме тешка недела. Одигравме два тешки натпревари од кои излагаме со три поени. Победивме во Рејкјавик, а денеска освоивме бод кој исто така може да го окарактеризираме како успех. Знам дека ќе има критики. Сепак, ние одигравме машки натпревар, а на критичарите е да критикуваат“, изјави Брестовац за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.