Брестовац за 24Ракомет ТВ: Очекувам поголем придонес од голманите (ВИДЕО)

Македонија утре го игра вториот натпревар против Исланд од квалификациите за пласман на Европското првенство претстојната година во Австрија, Шведска и Норвешка.

Избраниците на Данило Брестовац славеа на првата меѓусебна средба во Рејкјавик со 33-34, а доколку победат и во Скопје, ќе бидат блиску до првото место во групата.

„Кога ќе дадеш гол повеќе од противникот, не се гледа колку голови си примил, но боде очи тоа што примивме 33 голови. Очекувам поголем придонес од голманите, но игравме со една од репрезентациите во ТОП 10 во светски рамки. Јас имам потполна доверба и во Борко и во Никуч“, вели Брестовац за 24Ракомет.

Целосната изјава на селекторот погледнете ја во видео прилогот…

• се извинуваме поради лошиот квалитет на снимката