Борко ем добро брани, ем дава гол(ови)

Тимот на Бенфика, иако загуби од Мадеира на домашен терен во разигрувањето за титулата во португалскиот шампионат, сепак обезбеди место во Купот на ЕХФ следната сезона.

Бенфика пред мечот беше фаворит, но беше изненадена од финалистот на Челинџ Купот, кој славеше со 21-25.

Покрај поразот, најдобар во домашниот состав беше нашиот репрезентативец Борко Ристовски, кој имаше 12 одбрани или 32% одбранети удари, а постигна и еден гол од два обиди.

Бенфика на три кола до крајот, се наоѓа на третото место, со опција да биде и вицепрвак, но ќе мора да се надева на кикс од Спортинг Лисабон.