Без вистинска конкуренција до двојна круна: Мец го освои и Купот на Франција

Со убедливи десет гола разлика (34:24), екипата на Мец го совлада Брест во финалето од Купот на Франција во женска конкуренција. Првакот во оваа земја имаше лесна задача и истата ја реши уште по првиот дел за во вториот рутински да  стигне до големо славје.

Мец тргна во неверојатен ритам. По стартните 1:1, направи серија од 7:1, за огромно водство од 8:2. Брест набрзо покажа зошто е во финалето и се врати на 8:7. Сепак тоа не значеше ништо, бидејќи шампионот одново влезе во серија која му овозвможи да го добие првото полувреме со 18:11.

Вториот дел се одвиваше по сличен рецепт. Брест успеа да намали на момент, но тоа не беше закана за големиот ривал и мораше на крајот да му честита. Екипата на Мец од неодамна го освои и домашниот шампионат со што одново ја освои двојната круна исто како лани.