Бебешко и Мешков Брест и административно се разделија

Екипата на Мешков Брест во новата сезона на клупата ќе го има Маноло Каденас, а веќе некое време е јасно дека Сергеј Бебешко ќе го напушти овој клуб.

300x250

Сепак, досегашниот тренер дури сега и административно се раздели во екипата од Брест во која работеше во последните три сезони. Тој го раскина договорот откако падна заеднички договор со раководството, па се разделија пријателски.

Инаку, Мешков под водство на Бебешко играше трипати по ред во осминаиналето од Лигата на шампионите и постојано беше на завршниот турнир во СЕХА-лигата. Тој одработи три добри сезони, но клубот бараше повеќе, па затоа донесе нов тренер и сега му се заблагодари за својот придонес при развојот на тимот.