Бахреин избега од дното во групата Б

После четирите порази селекцијата на Бахреин успеа да дојде до првите бодови на првенството и да се избори за бегство од дното во групата Б. Избраниците на Арон Кристјансон ја совладаа селекцијата на Јапонија со 23-22 и на тој начин се изборија за 5. позиција која води во разигрување од 17. до 20. место.

Од почетокот на средбата имаше израмнета игра. И двете репрезентации играа внимателно во одбрана и немаше многу погодоци, а таквата игра допринесе за да се дојде до мал број на голови до крајот на првите 30 минути. Играта гол за гол допринесе на одмор да се замине со позитива за ракометарите на Бахреин кои успеаја да го решат првиот дел од средбата со 10:9.

Продолжението покажа поинаква игра од страна на ракометарите од Јапонија кои успеаја да покажат дека напредуваат и дека до Олимписките игри во Токио ќе бидат далеку подобри. Наметнаа свој стил и го земаа диктирањето на играта во свои раце. Сепак и покрај водсвото со 21-19, Бахреин направи пресврт во финишот и го доби мечот со 23-22.

После овој дуел Бахреин со два бода се најде на 5. место во групата, додека Јапонија остана без бодови. Хироки Мотоки беше незапирлив за одбраната на Бахреин и постигна девет гола, додека Јин Ватанабе заврши со пет гола. Билал Башам со шест гола, и Мохамед Хабиб и Хусаин Алсајад беа најефикасните во победничкиот состав.