Астраион со најголеми шанси во прволигашкиот плеј-аут

Тимот од Струмица останува и понатаму главен кандидат за освојување на првото место во плеј-аут групата. Астраион одигра најдобро досега, а се очекува и на гостувањето кај Риниа М да го потврди тоа.

Сепак, во 13. коло кое е претпоследно најинтересниот натпревар ќе го одиграат составите на Младост Богданци и Куманово. Составот од Богданци е во предност поради тоа што игра на домашен терен, но кумановци се во сè подобра форма така што ова се очекува да биде дуел кој ќе донесе интересен ракомет.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-АУТ

ДВОЈКИ ЗА 13. КОЛО

САБОТА, 25 МАЈ

15:00ч

ПАРТИЗАН – ТЕКСТИЛЕЦ

Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Александар Стефановски од Битола.

19:00ч

МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – КУМАНОВО

Сала: „Млаз“ во Богданци. Судии: Иво Ѓоргиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

20:30ч

РИНИА М – АСТРАИОН

Сала: ОУ „7 Март“ во Скопје. Судии: Александар Вукашиновски и Ѓорѓи Василевски од Скопје. Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

НЕДЕЛА, 26 МАЈ

19:00ч

ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ – АЕРОДРОМ

Сала: „Софија Петровска“ во Пробиштип. Судии: Роберт Пановски и Божидар Димитриевски од Велес. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.

ТАБЕЛА: 1. Астраион 28 бода (389:290); 2. Младост Богданци 24 (293:275, -1 меч); 3. Аеродром 22 (424:331); 4. Куманово 18 (379:389); 5. Риниа М 15 (354:339, -1 меч); 6. Текстилец 12 (324:376); 7. Весна Акумулатори 12 (332:391); 8. Партизан 9 (306:410).