Астраион пресилен за Партизан

Екипата на Астраион влезе во серија на неколку одлични резултати во самиот финиш од сезоната. Тимот од Струмица му гостуваше на гевгелиски Партизан и успеа убедливо да го совлада (33:23). Според игрите кои ги прикажуваат овие два тима ваквиот исход беше сосема очекуван.

Гостите својата игра ја наметнаа уште на самиот почеток. Дадоа низа на голови кои ги однесоа во сериозна предност, а првиот дел го добија со 16:11. Во вториот дел, целта на гостите беше целосно да го докрајчат противникот и да ги однесат сите поени.

Астраион истата задача успешно ја одработи, а на крајот се радуваше и на десет гола предност. Десет ракометари се запишаа во листата на стрелците, но најдобар беше Стојан Стојанов со седум гола. Во таборот на домашните седум гола беа дело на Михаил Брзанов.