Антиќ и Керамичиева одново на списокот на Симовски

Селекторот на Женската репрезентација на Македонија, Симе Симовски се изјасни околу составот за бараж дуелите против селекцијата на Словенија. Овој пат се одлучи за микс репрезентација односно состав во кој ќе се најдат и дел од ракометарките кои се во младинска конкуренција.

На поширокиот список има 27 ракометарки, а во тимот одново се најдоа и голманката Наташа Антиќ и бекот Теодора Керамичиева. Антиќ ја немаше во последните собири, но сега брани во Шведска каде формата и е во нагорна линија, додека Керамичиева поради повреда не беше дел од последниот собир.

Ова значи дека Симовски ќе смета на дел сите поискусни ракометарки и ќе го има на располагање најдоброто што Македонија го има во моментов.

Средбите против Словенија ќе бидат одиграни на 2 и на 6 јуни. Прво се игра во Скопје, а потоа реваншот е во Словенија.