Анонимни Швеѓани ќе ни судат против „рибарите“

Македонската репрезентација денеска го игра последниот натпревар од групната фаза на Мундијалот во Германија и Данска.

Тоа е решавачкиот натпревар за пласман во главната рунда, а ривал е Исланд, со кој бевме во иста ситуација пред две години на СП Франција.

Интернационалната ракометна федерација го одреди судискиот пар за овој натпревар, а станува збор за шведските арбитри Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик.

Натпреварот против Исланд се игра денеска во „Олимпијахале“ во Минхен со почето во 18:00 часот.